Таг: талибанци

Талибанците се вратија на талибанизирање

Денес, утре, денес, утре, Талибанците по цели три години од протерувањето на Американците во Авганистан, дури сега стигнаа да објават дека се враќаат старите правила во земјата. Нормално правилата главно се за жени.

Талибанците го сотреа хероинот како никој, никаде до сега

Новиот извештај на Обединетите нации тврди дека одгледувањето на афион и производството на опиум во Авганистан по ново е намалено за 95% откако Талибанците решија да ја забранат оваа култура.

Талибанците ја спроведоа најуспешната акција против дрогата во човековата историја

Во 1971 американскиот претседател Ричард Никсон ја започнува „војната против дрогите“ и во следните 50 години таа не успева да направи поголема штета во авганистанските капацитети за производство и извоз на опиум. Во април 2022 Талибанците почнаа своја акција против производството на дрога во земјата, и производството речиси згасна.

Ни Талибанци не можат да им го фатат крајот на американски невладини

Една од ретките добри работи што Талибанците ја прават низ Авганистан, на купот ужаси, е дека се страшно многу ефикасни во уништувањето на посевите со афион и трговијата со дрога. Е сега и тоа не им чини на американските НГО-а и експерти.

Талибанците ги стигна најтешката клетва, да работат во канцеларија

Дел од џихадистите што во време на американската окупација по цели денови јаваа коњи и гледаа кого попрво да го укинат од планетава, по преземањето на власт во Авганистан заглавија зад бироа и тоа во државна администрација.

Талибанците почнаа да обезглавуваат кукли од излог

Манекените од авганистанските излози остануваат без својата глава затоа што некој меѓу Талибанците многу се потрудил нив да ги протолкува како статуи, а кај Талибанци не смее да има статуи.

Во Авганистан животот се враќа во нормала

Во една од најбезазлените егзекуции што некогаш ја спровеле, но за нив ништо помалку симболична, Талибанците со секира јавно егзекутираа - телевизор.

Талибанците почнаа да глумат држава како по скрипта

Изминативе недели талибанците како никогаш до сега и како по учебник даваат се од себе за да бидат барем малку допадливи, да се покажат како ослободители на Авганистан, и дека нивното владеење (наспроти тоа што хејтерите низ светот сакаат да го прикажат) има целосната поддршка од населението, и посебно од жените.

Талибанците ја отворија факултетската учебна година

Иако изгледа како да нема долго да трае (и некако е многу фејкерски) на универзитетите во Кабул и низ земјата, студенти почнаа да одат на предавања и тоа во мешан состав машки и женски, со една новост во целата работа - завеса која ги дели машките од женските студенти.

Стадионот во Кабул - место за фудбал и за јавни погубувања пред натпреварите

Во Авганистан веќе ништо не е исто како претходно, па така ни фудбалот, игра која до пред неколку години била многу популарна а репрезентацијата напредувала доста на ФИФА ранг листата.

Зошто Катар негува блиски односи со талибанците?

Пред неколку дена американскиот претседател по телефон му се заблагодари на емирот на Катар, Тамим бин Хамад ал Тани, за беспоштедната поддршка што ја даде за време на евакуацијата од Авганистан. И ова не е прв пат други држави да се заблагодаруваат на Катар за помош околу талибанците.

Неколку работи од падот на Кандахар

И Талибанците побрзо стигнаа до Кандахар отколку што некој очекуваше, и вториот по големина град падна далеку побрзо отколку што некој очекуваше.

Талибанците не можат да се доизнаосвојуваат во Авганистан

Во рок од 6 дена Талибанците освоија 8 провинциски главни градови, оставени од Американците и НАТО да бидат бранети од локалната војска.

Талибанците освоија половина Авганистан

Во изминативе 20 години и покрај тоа што целата воена сила на светот беше против нив Талибанците успеаа да ја задржат контролата на некои од најоддалечените делови од Авганистан. Како што САД и сојузниците почнаа да го напуштаат Авганистан, така Талибанците за 2 месеца освоија повеќе територија од кога и да е од почетокот на 2000-те.

САД и Авганистан: напред, назад, нема где

Во последниот бомбашки напад од пред два дена во Кабул и Кандахар загинаа над 50 лица, и кога тоа се случува по 16 години воено присуство на САД во земјата процената е дека светската супер сила се наоѓа во ситуација во која ниту може да ја добие војната, ниту да ја запре, ниту пак може да замине.

Заложникот што со себе понесе талибанско „ноу-хау“

Џошуа Бојл, човекот кој 5 години со своето семејство им беше заложник на Талибанците, викендов е уапсен во Канада и тоа по обвиненија меѓу кои има напад, сексуален напад и присилно затворање луѓе.

Гнасни лаги талибански

За Канаѓанецот кој минатата недела заедно со своето семејство беше ослободен по 5-годишно заробеништво во Авганистан, една од најтешките работи да поверува додека е во заточеништво е дека Трамп е претседател на САД.

Фората на ЦИА за откривање на бин Ладен ја упропасти вакцинацијата во Пакистан

И онака скептичните кон вакцинација Талибанци (вистинските, забрадените, не овие што се само неразумни по Фејсбук на темата) уште повеќе се побунија против редовното вакцинирање откако се дозна дека ЦИА ја употребила програмата за вакцинирање во Пакистан за откривање на Осама бин Ладен.

Први меѓу безбедните

Американската амбасада во Авганистан го смета 5-минутното возење од своите канцеларии до аеродромот во Кабул како премногу ризично, заради што целиот свој персонал од точка А до точка Б го префрла со хеликоптер.

Зошто се зближија Русија и Талибанците?

Командантот на американските воени сили во Авганистан, генерал Џон Николсон, обвини дека Талибанците добиваат оружје и друга опрема од Русија. На слична позиција е и американскиот министер за одбрана. Москва, како ретко кога не го негира ова, само порачува дека Талибанците се тие што се борат против ИСИС.