Во исто време кога светските медиуми објавија дека талибански борци (наводно) застрелале една бремена жена пред нејзиниот дом затоа што била поранешен чувар во затвор за време на американската окупација, талибанците објавија слики во кои ја покажуваат својата широкоградост кон жените на кои им дозволуваат да посетуваат факултет (со завеса).
Пред некој ден во Кабул беше одржана конференција на жени (главно под целосен превез) кои ја поддржуваат власта на талибанците.
По конференцијата истите овие жени одржаа масовен марш низ Кабул, за повторување на својата поддршка кон талибанската власт и пораки за „Смрт на Америка“, и како контра-протест на неколку протести на авганистанските жени против талибанците.