Џошуа Бојл и неговата сопруга Кетлин Колман за време на своето заточеништво ретко добиваат информации за надворешниот свет. На пример тие немаат поим дека Џастин Трудо станал премиер на Канада, ама затоа Талибанците радо му кажале дека Трамп е претседател на САД.
Кога за време на снимањето на видео доказ дека се живи еден од Талибанците му дофрла на Бојл дека бизнисменот станал претседател на Соединетите држави, тој коментарот го сфаќа како шега.
„Ни на крај на памет не ми текна дека тој е сериозен,“ изјавил Бојл за Торонто стар.
Инаку приказната на Бојл и Колман е дека тие се киднапирани во Авганистан кон крајот на 2012 додека биле на планинарење низ земјата. Во тоа време Колман е трудна со едно дете. За време на заробеништво тие прават уште две деца. Во акцијата за нивно спасување ослободени се сите петмина.