Стадионот во Кабул - место за фудбал и за јавни погубувања пред натпреварите

Во Авганистан веќе ништо не е исто како претходно, па така ни фудбалот, игра која до пред неколку години била многу популарна а репрезентацијата напредувала доста на ФИФА ранг листата.

На средината од август терористичкото движење Талибан кое е забрането во повеќе земји во светот, ја освои престолнината на Авганистан, Кабул и фактички ја доби врховната власт во земјата.

На прес-конференција официјалниот претставник на Талибанците, Забихул Муџахид изјавил дека Талибанците ќе управуваат со земјата не како пред 20 години (беа власт од 1996-та до 2001-ва) туку со стабилност, заштита на жените и независни медиуми.

Ама зборовите се далеку од реалноста. Со доаѓањето на Талибанците во многу места во Авганистан е забрането слушање музика на јавни места, на жените им е советувано да не излегуваат од дома а кореспондентот на TOLO News, Муслим Шизрад јавил за смртните казни за четири воени команданти кои се бореле на страна на претходната власт.

Новинарот Шизрад раскажал дека тие биле стрелани а стрелањето се случило на стадионот Кандахар каде се собрале жителите да гледаат.

Извршување егзекуции на спортски арени е стара пасија на Талибанците. За време на претходното дивеење во Авганистан, главно место за стрелање им бил Националниот стадион „Гази“ во Кабул. Таму ги стрелале противниците на половина час пред почеток на фудбалските мечеви додека од трибините гледале десетина илјади гледачи.

ИСТОРИЈА НА ГЛАВНИОТ ФУДБАЛСКИ СТАДИОН ВО АВГАНИСТАН

Националниот стадион во Кабул е изграден во 1923 година и наречен бил во чест на кралот Аманул-хан чие второ име било Гази (односно во превод победник). Аманул-хан бил прославен по триумфот во англо-авганистанската војна која во 1919-та година му донела независност на Авганистан.

СССР станал првата држава со која биле воспоставени дипломатски односи и првите дипломати кои дошле во Кабул биле од Советски Сојуз.

Советски Сојуз го помагал Авганистан финаниски и му донирал воена техника по договорот за пријателство потпишан во 1921 година. Советските власти праќале преку граница свои инженери, офицери, мајстори, градежници па дури и фудбалски тренери.

Но тренерие од СССР не помогнале нешто посебно. Репрезентацијата на Авганистан ниеднаш не ги поминала квалификациите за Купот на Азија, а иако станале членка на ФИФА од 1948-ма година, не учествувале никогаш во квалификации за Светско првенство. Еднаш само во историјата дошле на Олимписки Игри. Во Лондон 2012 изгубиле 0:6 од Луксембург и го завршиле турнирот.

 

Авганистан немал свое државно првенство туку тоа се состоело од разни регионални лиги од кои најсилна била Лигата на Кабул. Сите играле на стадионот во Кабул зошто немале пари да одат на гостувања а било и опасно.

Со упадот на советската војска, Авганистан западнал во уште поголем хаос. Од 1999 до 2003 не одиграле ни еден меѓународен фудбалски натпревар и паднале на рејтингот на ФИФА до последно место. 

ТАЛИБАНЦИТЕ НЕ САКАЛЕ НИКАКОВ ДРУГ СПОРТ, СЕ ИГРАЛ САМО ФУДБАЛ, ИГРАЧИТЕ НОСЕЛЕ БРАДИ И ШАЛВАРИ, ПРЕКИНУВАЛЕ МЕЧ ЗА ДА СЕ ПОМОЛАТ

Талибанците првпат го освоиле Кабул во 1996-та година. Ја истиснале секуларната власт и основале Исламски Емират Авганистан. Нивните први закони биле: полициски час од 21:00, задолжително носење долга брата и паранџи (традиционална облека во Средниот Исток), забраниле музика, ТВ, кино и многу други нешта како на пример долгогодишните „популарни хобија“ во земјата како летање змејови, борби на кучиња и кокпар (кога јаваат на коњи и победник е оној кој ќе крене обезглавена коза од земја без да падне).

Еднаш поранешниот спортски новинар на National TV, Сафи Станкезај во интервју за авганистанското одделение на Радио Слобода раскажал дека во светот владее погрешно мислење за животот во Авганистан под талибанците.

„На Запад немаа блиски врски со Авганистан во тие години па затоа земјата беше позната само по војни и талибани. Медиумите посветија поголемо внимание на негативни отколку на позитивни работи. А позитива беше спортот. Во време на талибанците многу луѓе се занимаваа со спорт“, вели Станкезај и додава дека во тоа време на стадионот „Гази“ редовно се играле дуели од Лига на Кабул која имала 12 клуба.

Ова го потврдува и поранешниот капитен на репрезентацијата на Авганистан, Мухамед Исак. Тој избегал од земјата во ’90-те години поради граѓанската војна па се вратил кога се воспоставила нова власт. Талибанците му понудиле да заигра за екипата Сабаун која терористите ја основале од нула. Секоја недела натпреварите на овој тим го гледале неколку илјади гледачи.

„Талибанцие ни даваа пари и даваа за сите трошоци. Можевме да издржуваме фамилии и да играме фудбал. Војниците се кладеа на нас, а после натпреварите гледавме снимка од мечот кај некој од Талибанците кои не плаќаа да играме“, памти Мухамед Исак некогашен капитен на репрезентацијата на Авганистан.

Кладење и хазардни игри се забранети со шеријатските закони па во Авганистан немало ни казина ни кладилници. Но во 1990-те години терористите на фудбал ставале автомобили, оружје и куќи.

Составот на клубот Сабавунан

Еднаш на стадион во 90-те години се нашла и репортерка на БиБиСи, Кејт Кларк. На стадионот таа била единствена жена меѓу 20.000 мажи. Раскажала дека на трибините имало многу редари со автомати Калашников и со други оружја. Кон неа сите се однесувале добро.

„Позагрозена се чуствував пред натпреварите во Британија од полицајците на коњи“.

Кларк вели дека кога се пуштиле гласини за забрана на фудбалот но после неколку месеци Талибанците ја возобновиле лигата која била аматерска ама многу популарна. На стадион имало толпа народ.

„На средина од првото полувреме доаѓаше време за вечерна молитва. На стадион доаѓаа полициски возила а сите навивачи мораше да се симнат на терен. Повеќето сепак остануваа на трибини. Како одговор полицијата се качуваше горе со камшици во раце. Дел од толпата веднаш се спушташе на молитва, а другите просто бегаа од полицијата. Тоа беше демонстрација на отпор - баш невообичаено за Кабул“.

Фудбалерите морале да играат во дресови со долги ракави и носеле шорцеви пониски од колена со високи чорапи за да го кријат цело тело.

Соработникот на ООН Томас Рутиг раскажал дека талибанците организирале и меѓународни натпревари. Во Кандахар дошла екипата Афган од Пакистан. Тоа било прав „доживљај“. Се собрал цел град да го гледа мечот.

Требале да се играат три натпревари. Првите два завршиле без инциденти ама на третиот влетала полиција. Настанал хаос. Фудбалерите од Пакистан пробале да се скријат ама 12 од нив биле уапсени од вооружени луѓе. Ги привеле поради тоа што играле во кратки шорцеви со голи колена. Цел ноќ поминале во затвор каде им ја избричиле главата па ги депортирале. „Теренот беше толку со прашина што ако паднеше некој на земја, моравте да чекате да се тргне прашината“, додава Рутиг.

ТОЈ СТАДИОН ВИДЕЛ МНОГУ СТРЕЛАЊА

На стадионот „Гази“ во Кабул гледачи не гледале само фудбал.

„На тој терен е пролеано многу крв“, вели Мохамед Насим агроном на стадионот во интервју за Ројтерс. Покажува кон рамките од голот и вика дека Талибанците ги терале казнетите крадци да клекнат на колена а отсечените раце и нозе им ги закачувале на пречките од голот за да бидат јасно видливи и од најдалечните места. „Обично ги носеа кај шеснаесетникот пред еден од головите. На мажите и жените за полов однос пред брак им удираат по сто камшици и им забрануваат брак“.

Репрезентацијата на Авганистан пред време ги завршувала квалификациите за Светско првенство 2010 и 2014 а следните два циклуси ги почнала од второ коло. Во сите случаи не прошла група и завршувала на последно место. Во 2018 имале три победи на осум меча.

Ама треба да се напомене дека репрезентацијата на Авганистан не ги играла домашните натпревари на домашен терен туку ги пречекувала гостите во Душанбе, во Техеран или во Катар. Да се игра во Авганистан било опасно.

Во 2011-та почнала обнова на стадионот „Гази“ и тоа со грантови од Америка кои достигнале до 25 милиони долари. На церемонијата на отворање учествувале и американските конзулати а на терен се одиграле две пријателски средби меѓу машки и женски тимови.

Во септември 2014-та стадионот бил обновен и на отворање дошле 40.000 луѓе кои ја поздравиле репрезентациајта која само што победила на првенството на Јужна Азија (не баш најсилно првенство на тој континент). На турнирот со седум репрезентации Авганистан поминал група па го победил Непал во полуфинале и Индија во финале.

На аеродром играчите ги пречекал претседателот Хамид Карзаи, министри и членови на парламентот. По пат до стадион трчала толпа луѓе. 

Таа 2014-та Авганистан скокнал од 189. на 122. место на рејтингот на ФИФА (во моментов се 153). Бројот на луѓе кој се занимавал со фудбал пораснал до 54.000 а во Кабул се основале и 16 женски клубови.

Успесите биле препознаени и од ФИФА која ги наградила луѓето од фудбалскиот сојуз на Авганистан со признанието ФИФА Фер Плеј и парична награда од 1,5 милиони долари. Но денес сето тоа е далечно минато.

3 септември 2021 - 15:41