Таг: кабул

„Руските згради“ на Кабул

Како дел од помошта што им ја пуштаат на авганистанските власти Русите уште во 1960-те почнуваат во Кабул да градат згради наменети за тогашните про-советски елити, од административци и академици до полиција и други безбедносни структури. По сите години војна, зградите се уште постојат и држат една од највисоките цени на метар квадратен во земјата.

Стадионот во Кабул - место за фудбал и за јавни погубувања пред натпреварите

Во Авганистан веќе ништо не е исто како претходно, па така ни фудбалот, игра која до пред неколку години била многу популарна а репрезентацијата напредувала доста на ФИФА ранг листата.

Од кого загинаа 170 Авганистанци на аеродромот во Кабул?

Официјалната верзија се уште е дека сите цивилни и воени жртви се должат исклучиво на експлозијата од терористичкиот напад на ИСИС-К. Меѓутоа Би-би-си прави едно интервју со очевидци кои имаат поинаква приказна.

Еден од загинатите од авионот во Кабул бил млад фудбалер

Во стравичните видеа кои стигнуваа од Авганистан се гледа дека при евакуација на оние кои сакаа да ја напуштат земјата, некои беспомошно се качуваа дури и на авионски крила и тркала па паѓаа од големи висини.

Очајот да се замине од Авганистан по секоја цена

Како што последните американски воени авиони го напуштаат аеродромот во Кабул, така избезуменоста на локалното население по секоја цена да  не се остане под талибанска власт станува самоубиствена. Како никогаш до сега, луѓе се обидуваа да се качат и да се задржат на авион што полетува.

Joe, we did it

На аеродромот во Кабул осамна утро.

Падот на Кабул како исход од сите американски победи во Авганистан

Талибанското освојување на Авганистан не е неизбежно, бидејќи сега имате авганистанска армија со 300.000 припадници кои се добро опремени како која било армија во светот и воена авијација, наспроти некои си 75.000 Талибанци,  порача Бајден на 8 јули 2021.

Милото дете од Авганистан го изгубило дресот од Меси, преживува војна

Родителите две години не го пуштале во школо затоа што се плашат некој да не го киднапира и да бара голем откуп од Меси и од богатите институции.

Први меѓу безбедните

Американската амбасада во Авганистан го смета 5-минутното возење од своите канцеларии до аеродромот во Кабул како премногу ризично, заради што целиот свој персонал од точка А до точка Б го префрла со хеликоптер.

Зошто се зближија Русија и Талибанците?

Командантот на американските воени сили во Авганистан, генерал Џон Николсон, обвини дека Талибанците добиваат оружје и друга опрема од Русија. На слична позиција е и американскиот министер за одбрана. Москва, како ретко кога не го негира ова, само порачува дека Талибанците се тие што се борат против ИСИС.

Кабул доби аква парк

Локални приватни инвеститори со огромен оптимизам за иднината на Авганистан вложија 5 милиони долари за да изградат аква парк во Кабул. На затворено.

Авганистан, пред демократијата

По она што го гледаме на телевизија, Авганистан е земја која никогаш не излегла од Средниот Век. "Tоа не е оној Авганистан кој јас го памтам," вели американскиот универзитетски професор Мохамед Квајоми, кој растел во Кабул во 50-тите и 60-тите години. Фотографии сведочат за тоа како живеела оваа земја пред демократијата да ѝ влезе на голема врата.