20-годишната војна во Авганистан, и сите победи што таму ги имаа Американците, на крај веројатно ќе биде запаметена по хаотичното повлекување од земјата, и пред се бомбашкиот напад кој се случи на аеродромот, и во кој загинаа 13 американски војници и 170 цивили.
Како што во САД почнаа да пристигнуваат ковчезите на загинатите војници, така во Авганистан граѓаните се уште бараат информации за своите најблиски кои се водат како исчезнати и што точно се случило со нив.
Би-би-си разговара со неколку граѓани чии роднини загинале во нападот, кои тврдат дека во паниката по екплозијата, војниците безпоштедно отвориле оган кон толпата Авганистанци што била пред нив.
Според едниот сведок кој бил на лице место и чиј брат загинал таму, американски и турски војници кои стражареле на околните кули, отвориле оган кон толпата.
Друг раскажува дека на телото на неговиот брат не се најдени шрапнели, туку два куршума во врат.
Во САД, Бајден и воениот врв на земјата ги пречекаа телата на загинатите американски војници: