Падот на Кабул како исход од сите американски победи во Авганистан

Талибанското освојување на Авганистан не е неизбежно, бидејќи сега имате авганистанска армија со 300.000 припадници кои се добро опремени како која било армија во светот и воена авијација, наспроти некои си 75.000 Талибанци,  порача Бајден на 8 јули 2021.

За да биде впечатокот поголем, на прашање околу сличностите меѓу повлекувањето од Авганистан и повлекувањето од Виетнам, Бајден на истата прес-конференција меѓу другото одговара дека нема никаква сличност („нула“) и дека „никако нема да се случи да видите како луѓе со хеликоптери се вадени од кровот на американската амбасада во Кабул“.

Месец и нешто подоцна, 15-ти август, денот будни го дочекуваат три страни: Талибанците, кои од сите страни го напаѓаат Кабул, авганистанските сили кои го бранат градот, и Американците во амбасадата во Кабул кои се пакуваат и уништуваат што е можно повеќе документи и опрема пред напуштање на амбасадата.

Ноќта на аеродромот во Кабул пристигнаа Чинук хеликоптерите на американската армија со кои ќе биде извршена евакуацијата:


Од кога слетаа хеликоптерите не престанаа да вртат:

Според телевизиската мрежа Ал Арабија, димот доаѓа до канцелариите на американската амбасада. Не од борби, туку од уништување документација и опрема.

Додека ова се случува во градот, на западниот влез од Кабул, Талибанците прво успеваат да го освојат Универзитетот. Од кабинетот на претседателот соопштуваат дека градот се уште е под нивна контрола, додека Талибанците објавуваат дека ги контролираат сите гранични премини на земјата.

Во делови од Кабул авганистанската војска им се предава на Талибанците, предавајќи им ја и целата американска опрема со која располагаат, бидејќи „не планираат да се борат за власта на Гаши“.

Капитулацијата на Кабул е јасна уште во 11 часот по наше време, кога од министерството за внатрешни работи на Авганистан објавуваат дека Талибанците нема да извршат јуриш на градот, туку ќе има мирољубиво предавање на власта. Во исто време Талибанците објавуваат дека имаат наредба на секој што сака да си замине од градот, вклучително и странците, да му дозволат да напушти.

Неполн еден час по ова, претседателот Ашраф Гани ја предава власта на Талибанците и ја напушта претседелската палата, по што трга кон аеродромот во Кабул и лета за Таџикистан. Тој објаснува дека поднел оставка за да го спречи крвопролевањето.

Талибанците во неколку наврати им гарантираат на граѓаните на Кабул дека се безбедни, дека нема да има уништување владини згради, и им ја гарантираат безбедноста на банките и бизнисите во градот.

Кон крајот на денот завршена е евакуацијата на целиот персонал од американската амбасада во Кабул која е пренесена на аеродромот и чека на својот лет. Си-ен-ен објавува дека од амбасадата е симнато и американското знаме. НАТО објави дека на аеродромот се забранети сите цивилни летови и дозволени се само воени, што предизвика општ хаос меѓу луѓето кои веќе беа дојдени на аеродромот:


Новиот дефакто лидер на Авганистан е водачот на Талибанците мула Барадар, кој им ја честита победата на Талибанците и прогласи основање на Исламски емират Авганистан. Барадар до пред 3 години беше во затвор од Пакистан, од каде беше ослободен со помилување како дел од мировниот договор.


Помпео, како државен секретар на САД, пред само една година се сретна со ослободениот Абдула Гани Барадара.


На другата страна од државата, дел од авганистанската армија бега кон Иран и како пропусница со себе ја носи целата американска воена опрема која им е доверена:

Талибанците дочекани во Кабул како да си доаѓаат дома:


И Британија испрати своја војска за евакуирање на британските граѓани од Кабул:


Францускиот амбасадор го напушти Кабул со американски воен хеликоптер:

САД потрошија 20 години и над 80 милијарди долари во опремување и обучување на авганистанската армија:

Деновиве пред години Буш го прогласи крајот на Талибанците:

За споредба, кога советските трупи го напуштаат Авганистан во февруари 1989, владата на Мухамед Наџибула останува на власт во следните три години.

Следни на ред веројатно се Кинезите кои би пробале поинаква политика во Авганистан:

15 август 2021 - 22:24