Кабул доби аква парк

Локални приватни инвеститори со огромен оптимизам за иднината на Авганистан вложија 5 милиони долари за да изградат аква парк во Кабул. На затворено.

Објектот со површина од 2.300 метри квадратни доаѓа со сите елементи карактеристични за вакви паркови, од тобогани, до базен со бранови и дел за деца.

Влезот чини 9 долари, а пред да влезете ви следува комплетен претрес од вооружен стражар. Мажите и жените се во одделни делови на паркот, меѓутоа девојчињата до 10 години може да користат исти базени како и спротивниот пол.

"Мојата порака до останатите авганистански бизнисмени е дека ако не инвестираме заради грижа за 2014-та, само ќе назадуваме. Секој Авганистанец треба индивидуално да работи за да ја промовира оваа земја," изјавил еден од менаџерите на паркот.

15 октомври 2013 - 16:35