По ново во Авганистан во јавност не смее да се чуе женски глас, ни на медиуми и на улица, а жените во јавност не смеат ни да си го покажат лицето.
Законите се и официјално воведени и одобрени од врховниот лидер на земјата како дел од напорите за борење со пороците и промовирање доблест.
Новите закони опфаќаат и теми како јавен превоз, музика, бричење и прослави, сето тоа скоцкано на 114 страни во документ со 35 членови. Ова е првата формална објава на законите за пороци и доблест од враќањето на Талибанците во 2021.
На жените им е посветен членот 13 во кој се порачува дека е задолжително за нив целосно и постојано да го имаат завиено своето тело во јавност, и дека покривањето на лицето е клучно за избегнување на искушенија и искушување на други.
Плус ова завивање треба да биде со облека која не е тенка, тесна или кратка, и тоа важи за нивното појавување пред непознати мажи, без разлика дали биле муслимани или не. Исто така, бидејќи женскиот глас се смета за интимен, тој не треба да биде чуен како пее, рецитира или чита во јавност.
За жените е забрането и да погледнат маж со кој не се во крвно сродство или во брак. Ова е двонасочно правило и важи и за мажите.
Членот 17 забранува објавување слики од живи суштества, а членот 19 забранува пуштање музика, превоз на соло женски патници и мешање на мажи и жени кои не се во сродство.
Минатиот месец О.Н порача дека министерството за ширење на доблест и спречување пороци преку своите одлуки шири чувство на страв и застрашување меѓу Авганистанците.
Талибанците одговорија дека не е така.