Не дека американскиот амбасадор во Македонија нема причини да плаче по парите фрлени во квалитетот на нашиот судски систем (55 милиони долари, обучени 600 судии и 300 обвинители). За малку да ја ублажиме таа тага, одиме до Авганистан.
Чисто пазарџиски, просечниот комшија е бетер муштерија од Талибанците, барем според сведоштвата на поранешни сопственици на продавнички во племенските области во Пакистан.
На 11 мажи Талибанците викендов им го исекле показалецот како казна за тоа што гласале на избори. Не им било важно за кого гласале, туку затоа што гласале.
Кога го убија Бин Ладен, никој не претпоставуваше дека одзмадата на Талибанците ќе се истури врз здравствените работници кои вакцинираат деца во регионот.