Болдрик!

Во наплив на брилијантност, Tалибански командант решил да почне да заработува на апсење Талибанците по кои има потерница. И почнал од себе.

Мухамед Ашан пришол до полициски пункт, ја покажал потерницата со неговиот лик на неа и побарал да му бидат исплатени 100 долари, како што пишувало на постерот.

Неможејќи да веруваат што се случува, американските војници уште еднаш го провериле Талибанецот.

"Го прашавме 'дали си ти овој?' Мухамед Ашан одговори со неверојатна доза на ентузијазам, 'Да, да, јас сум тоа. Може ли сега да ја добијам мојата награда?'" изјавил војникот Метју Бејкер.

Вашингтон пост ја пренесува вчудовиденоста на американските војници, која се движела помеѓу "Очигледно, човеков е имбецил," и "Човеков е Талибански еквивалент на крадците од Сам дома."

18 април 2012 - 10:08