В за вакцина

Кога го убија Бин Ладен, никој не претпоставуваше дека одзмадата на Талибанците ќе се истури врз здравствените работници кои вакцинираат деца во регионот.

Две локални медицински сестри вклучени во проектот за вакцинирање деца во Пакистан биле убиени во село во Пешавар. Тоа се последните од 20-тината жртви на Талибанците во изминативе две години.

А Пакистан, заедно о Афганистан и Нигерија е една од трите земји во светот каде што полиото се уште е ендемско. во 1988-ма имаше 125 вакви земји.

Проклетството вез медицинарите беше фрлено откако се откри дека еден од нив, извесен доктор Шакил Африди спроведувал лажна програма за вакцинирање чија вистинска намера била да собира ДНК примероци од децата за да се открие дали Бин Ладен или неговото семејство се присутни во регионот. Податоците ги предавал на ЦИА за што во моментов служи робија од 33 години.

Оттогаш, сите здравствени работници се етикетирани како соработници на ЦИА. Светската здравствена организација потроши милиони долари за кампања за подигнување на свесноста за проблемот со полио чии ефекти беа анулирани со откривање на аферата и тврдењето на Талибанците дека со вакцинирањето се стериВлизира наслението з да се намали бројот на муслимани.

 

24 јуни 2013 - 09:07