Поранешните Талибанци не само што не можат да најдат работа, туку ним им е забрането и да се вратат во родните села, а се и во постојан страв дека можат да бидат убиени од своите поранешни соборци.
По програмата која трае 2 години, досега се откажале околу 6.100 борци, од кои 80% доаѓаат од релативно мирниот северен и западен дел на земјата, каде што присуството на Талибанците е најмало.
Најголемиот дел од "покајниците" и во времето кога се бореле против Владата и Сојузниците, тоа го правеле од чисто криминални причини, а не заради политика и идеологија.
Заради неисполнетите ветувања / очекувања дел од поранешните борци најавија дека може да ја променат својата одлука и да се вратат во планините.