Соговорникот на БиБиСи имал дуќан во Мираншах, административниот центар на Северен Вазиристан (околу 360.000 луѓе). Тој објаснува дека таму "живеел како принц" заработувајќи меѓу 740 и 1.100 евра на ден, а Талибанците ем му биле најголеми муштерии, ем за разлика од останатите никогаш не се ценкале за пари.
Наспроти нивниот генерален став кон светот, Талибанците преферирале странски брендови посебно за парфеми и спреови за тело. Човекот често морал да патува до Исламабад за да ја купи потребната стока што ја барале Талибанците, бидејќи домашните производи не му се трошеле.
Талибанците за жените посебно купувале два парфема - Secret Love и Blue Lady by Rasasi. За себе редовно барале Хед енд Шоулдерс шапони и Доув сапуни, а од долна облека преферирале обични, задолжително, бели гаќи.
Слично искуство имал и друг сопственик на продавница во Мираншах, кој раскажува како Талибанците пристигнувале во бели пик-апи и трошеле над 20 евра на доаѓање, што е еднакво на 2-неделна плата во регионот.