Изборот на показалецот е затоа што и во земјата се користат напредни технологии за спречување на крадење гласови од типот - обележување на прстите на гласачите.
Инцидентот се случува во третиот по големина град во земјата, Херат. Како ретко кога, меѓу казнетите за овој "грев" нема ниту едно женско, сите 11 прсти се од мажи.
Претставникот на О.Н. го потврдува инцидентот, давајќи им филмски мотивирачка поддршка на жртвите, порачувајќи дека "со нивниот глас, тие веќе ги имаат поразено оние кои промовираат ужас и насилство."
Севкупно земено, 11-те исечени прсти не се ни од близу најтрагичниот настан на денот на гласањето. Вол Стрит Журнал објавува дека од експлозија на мина во саботата загинале најмалку 11 луѓе, од кои неколкумина биле од изборната комисија. Дента, рано наутро, 7 деца беа убиени во градот Кост, кога нивниот дом беше погоден со проектил.
Резултатите од гласањето ќе бидат објавени на 2-ри јули.