Талибанци изгубени во Аутлукот

Талибанците се на добар пат да почнат да бараат нов портпарол, откако овој сегашниов им ги издаде сите соработници.

Кари Јусуф Ахмади минатата недела додека праќал соопштение за јавност целата меил листа ја ставил во CC наместо во BCC, при што издал околу 400 адреси.

Според ЕјБиСи, списокот генерално бил составен од новинари, но вклучувал "адреси на провинциски гувернер, авганистански законодавец, неколку професори и активисти, како и претставник на еден тамошен господар на војната, кој беше поврзан со неколку напади на коалициските војници."

Друга работа што забележуваат аналитичарите, е дека во последните неколку недели Талибанците го зголемиле бројот на мејлови што ги праќаат, од неколку неделно, на неколку дневно. Најголемиот дел од пораките се пратени од мејлот на Ахмади.

Ахмади, не одговорил на прашањата на новинарите.

20 ноември 2012 - 10:06