Битката за Кандахар почнува на 9 јули, меѓутоа владините сили успеваат да одолеат се до почетокот на август. Во текот на јули авганистанската армија има поддршка и од американската авијација меѓутоа без некој посебен учинок.
На почетокот на август владините сили одбиваат еден поголем напад за освојување на центарот на градот, по што Талибанците почнуваат да се фокусираат на напади на аеродромот во Кандахар, за да ги оневозможат воздушните напади на авганистанската армија.
На 11 август, паѓа одбраната на затворот во Кандахар, од каде се ослободени стотици Талибанци кои го засилуваат притисокот врз градот. Истовремено, падот на затворот стратешки екстремно ја отежнува одбраната на Кандахар.
Неколку дена по ова, гувернерот на Кандахар ја прифаќа понудата на Талибанците и тој заедно со владините сили се повлекува од градот и им го предава на талибанските сили.
(повлекувањето на гувернерот)
(повлекувањето на војската)
Додека овие беа во бегство, Талибанците упаднаа и се распослаа и во домот на Маршал Дустум, поранешниот потрептседател на Авганистан, маршал во авганистанската армија и еден од главните помошници на Американците во инвазијата во 2001. Дустум наводно е одговорен и за масакрот на 1000 Талибанци во 2001, кои се задушиле во металните контејнери во кои биле превезувани, а тие што преживеале биле застрелани.
Инаку Кандахар има е екстремно значаен на Талибанците бидејќи тоа е местото во кое се основа талибанското движење за време на Авганистанската граѓанска војна.
Заедно со градот, Талибанците го освојуваат и аеродромот, кој беше една од клучните бази на американските вооружени сили.
Како што е ред, по влегувањето во Кандахар една од првите мерки на Талибанците беше да започнат радио станица, по име „Гласот на шеријатот“.
На 13 април годинава Талибанците контролираат 77 дистрикти во земјата, Владата 129, а 194 се спорни. На 12 август Талибанците контролираат 242 дистрикти, а владата 65.
Процената е дека на Талибанците ќе им требаат меѓу 72 часа и 7 дена за да го освојат Кабул. Талибанците моментално се наоѓаат на 50 километри од главниот град, каде европските држави и САД гледаат да ги евакуираат дипломатските претставништва и сите свои луѓе. Наводно САД веќе преговараат со Талибанците да им дадат повеќе време за евакуирање на своите граѓани.
Пред да оди на одмор, Бајден изјави дека не жали за одлуката за повлекување на американските сили од Авганистан, а на тамошните лидери им порача да се борат за својата држава.
Деновиве пред години, 17 декември 2001: