Пороци

Кока-кола годишно произведува 2 милијарди долари чист кокаин?

Компанијата својот пијалак за шмек го зачинува со листови кока, од што како нус-производ се јавува чист кокаин кој вреди околу 2 милијарди долари.

Пијан возач ги тужи оние што го служеле

26-годишната Даниела Леис мртва пијана била исфрлена од концерт на Мерлин Менсон. Таква влегла во кола да вози и по пат удрила во куќа, оштетувајќи цефка за гас, што предизвикало експлозија која оштетила четири други куќи и повредила седум луѓе. Леис ништо не негира од ова освен дека таа не е виновникот.

Ќе лечиме стрес со екстази

Соочени со сериозна криза на менталното здравје, американските власти станаа сè поотворени кон истражување на лековитите својства на опојките. Први во редот психоделици што „чекаат“ дозвола за медицинска употреба се псилоцибинот и МДМА. 

Ванкувер брои ситно до отворањето на првиот дуќан за хероин и крак

Поседувањето на најтешките дроги за лична употреба на 31 јануари ќе биде декриминализирано во Британска Колумбија, па складно на тоа Ванкувер ќе ја добие својата прва продавница за хероин и крак.

Нов Зеланд на следните генераци им забрани да пушат

Нов Зеланд воведе нов закон според кој сите што се родени после 2008-ма, не сега туку никогаш во животот нема да смеат да купат цигари. Законот го следи амбициозниот план да се искорени пушењето на долг рок, но како што опаѓа продажбата на „аналогни“, расте продажбата на електронските цигари. 

Попе, како порното?

Првиот човек на Католичката црква не само што призна дека свештеници, калуѓерки и останато свештенство гледаат порно, туку и ги замоли малку да олабават со тоа.

Ако не можеш да му веруваш на дилер на кокаин, кому да му веруваш?

Тројца релативно млади но апсолутно спремни Њујорчани, пишале на дилер на кокаин со цел да „наредат“, и така им се паднала мешавина каде имало и фентанил. А, „да се стави фентанил во кокаинот е како да се капне цијанид во пијачката“ појаснува таткото на една од жртвите. Остатокот од приказната е лесно предвидлив и нема среќен крај. 

Што сe случува кога смртници сакаат да пијат колку Черчил?

Мечка страв- мене не страв, двајца ентузијасти решаваат еден ден да испијат колку што пиел Черчил. А тој пиел цел ден, секој ден. Едниот од авантуристите завршува со врзан јазик и заблуда дека е смешен, а другиот признава дека утредента се истурил од повраќање.

Колумбија се пресрами за кокаинот

Најголемиот производител на кокаин во светот и најголемиот снабдувач на САД со кокаин, Колумбија, има намера да го декриминализира кокаинот.

Тајланд ќе олабави малку

Тајландската влада ќе испорача еден милион стебла канабис на домаќинствата низ земјата во чест на новиот закон што ќе им дозволи на луѓето да одгледуваат канабис по дома.

Британскиот парламент ќе ангажира кучиња душкачи на дрога, за низ канцеларии

Заради се повеќе докази за употреба на кокаин и други нелегални супстанци во службениот дел од Парламентот, се планира да биде повикана полиција со кучиња да почнат да патролираат и душкаат низ зградата.

Америка е дадена на коцка

Приходите од коцкањето ги достигнуваат комбинираните приходи од филмовите, музиката и книгите. Постојат играчи кои играат на сигурно, но, тоа не сте вие, без разлика дали се браните со второто ливче.

Цигарите целосно треба да се забранат, искрено ваш Филип Морис

Цигарите што ги произведува Филип Морис, а и сите други, треба да бидат третирани како автомобили што работат на бензин кои од 2030 ќе бидат забранети за продавање, е пораката на ЦЕО-то на Филип Морис интернешнл, Јацек Олчак, до британската влада.

Британците почнаа да шмркаат „етички“ кокаин

Како што има кафе и какао со „етичко потекло“ така сега на побогатите Британци им се нуди и еколошки кокаин со етичко потекло кој треба да им ги отстрани сите двојби дека грешат нешто.

Солунско бело

Во успешна акција на грчката полиција двајца Албанци се уапсени во Солун заради поседување посериозна количина кокаин. Во уште поуспешна анализа на грчкото обвинителство, истите двајца се ослободени.

Училишта без мобилни, за „спокојни училници“

Забрана за носење мобилни телефони во училишта е една од опциите што британската влада ги разгледува како дел од мерките за решавање на слабата дисциплина во училниците низ земјата.

За шеќер во прав затвор не се лежи

Сето ова им е јасно на сите освен на австралиските полицајци чиј обид да уловат наркодилер се претвори во масовен сеир.

Жените се изборија за еднаквост, во пиење

Може не е еднаквоста која им беше приоритет на агендите ама сепак е еднаквост, и по ново бројките покажуваат дека жените пијат алкохол исто колку мажите, и тоа е сериозен проблем за жените.

Не треба да пиете алкохол. Сами.

Накратко за сè почестите написи во американските медиуми дека земјата има проблем со алкохолот и дека во пандемијата, ситуацијата сериозно се влошила. Уште пократко, еден балкански одговор на ваквите секирации.

Дур ја прегрмиме пандемијата, го изгоревме џигерот

Нивото на болести на црниот дроб кои се поврзани со алкохолот е зголемено за 30 па и 50 посто во однос на периодот пред пандемијата и посебните режими на живот. Тоа таму кај што мерат такви работи. Кај нас веројатно нема ни да го примат човек, пандемија е.

Сан Франциско, градот во кој дрогата коси повеќе од ковид-19

Минатата година сред пандемија во еден од најголемите градови во Калифорнија и САД повеќе луѓе умреле од предозирање отколку од ковид-19.

Државен кокаин?

Војната против наркотиците веќе со години се смета за веројатно најголем неуспех на секоја американска (а и светска) влада, затоа што едноставно пари се трошат, луѓе се затвораат и гинат, а дроги (и уживатели) има сè повеќе и повеќе. Стратегијата што последнава деценија станува се попривлечна низ светот се сведува на - остави ги нека се дрогираат ако сакаат, само нека плаќаат данок.

Шкотите и Англичаните пијат, не се заебаваат

На најновата топ листа од 25 земји, Шкотите и Англичаните го држат врвот во пијанство, дефинирано како проблеми со рамнотежа и плеткање на јазикот. Балканските земји, се разбира, се вон конкуренција. Во Британија алкохолот е најмасовно користената супстанца а хероинот е на дното. Или можеби оние што се на хорс баш и не ги лази мува да пополнуваат онлајн анкети. 

Само домашните ќе дуваат во Амстердам

Кофи-шоповите, кои по број во Амстердам ги има 166, во иднина ќе бидат отворени само за жителите на градот, а не и за ордите туристи кои стандардно нагрнуваа.