Мартин умира во петокот по неколку дена хоспитализација во една локална болница каде е донесен откако бил најден предозиран од фентанил.
Иако Мартин го преживеал првичното предозирање, тој останал нереспонсивен и врзан на апарати. По неколку дена неговото семејство одлучило да ги исклучи апаратите.
„Џери веруваше дека луѓето ги лечат своите трауми и се додека го прават тоа, заслужуваат да имаат безбеден производ.
Тој не е ништо повеќе поштеден од кој било човек на планетава. Тој имаше сопствени трауми и за жал, се врати на дрогите,“ изјавила Криста Томас, партнерката на Мартин.
Во мај Мартин ја отвори Драгс стор, првата физичка продавница во Канада и САД која отворено продава тешки дроги кои тој тврдеше дека се тестирани за да се осигури дека не содржат фентанил.
Ванкувер и цела Британска Колумбија е сред 3-годишен пилот проект за декриминализирање на мали количества дрога, но продажбата и понатаму останува забранета. Мартин беше уапсен во рок од 24 часа по отворањето на дуќанот.