Смената на врвот се очекува заради константниот растечки тренд на продажбата на кокаин и падот на извозот на нафта за 30% во првите 6 месеци од годинава.
Минатата година земјата произведе рекордни 1.738 тони кокаин, а површината засадена со кока порасна за 13% на рекордни 230.000 хектари. Подемот на кокаинот се случува и покрај постојаното уништување на лаборатории за производство на дрога.
Колумбија изминатиот период направи драстична промена во својата стратегија за борба против производството на кокаин, во која ги олабави одгледувачите на кока и се фокусираше на борба против нарко-босовите. На оваа промена се должи и експанзијата на површини засадени со кока.