Тоа што нема загинати, и релативно малиот број на повредени, се должи на правовременото откривање на оштетената цефка и брзата евакуација на жителите.
Шетатата се проценува на помеѓу 10 и 15 милиони долари.
Инцидентот се случил во октомври 2020-та година во Канада, а во февруари 2021-ва пред канадскиот суд таа признала вина и е осудена на три години затвор.
И покрај донесената пресуда, против неа се поднесени најмалку шест тужби од граѓани кои бараат да ја надомести штетата.
Сега Леис и татко и ја тужат салата каде што се одржал концертот на Менсон и компанијата што служела пијачки.
Во нивната тужба вработените во Бадвајзер гарденс арената имаат свој удел во инцидентот, затоа што по исфрлањето надвор, не преземале соодветни чекори за да ја спречат да вози. Во една од тужбите од Лејсови стои дека тужените „знаеле или би требало да знаат дека е пијана или дека ќе се опие“.