По негови зборови „компанијата гледа свет без цигари... и всушност, колку побрзо се случи тоа, толку подобро за сите.“
Освен што од британската влада бара да се забрани продажбата на цигари, Олчак повикува и да се „стави крај на конфузијата кај пушачите, од кои дел се уште мислат дека алтернативите се полоши од цигарите.“
„Дајте им избор на алтернативи без чад... со правилна регулатива и информации во некои држави ова може да се случи за 10 години од сега. Можеш проблемот да го решиш еднаш и засекогаш,“ изјавил Олчак.
Пред некое време Филип Морис интернешнл објави дека се трансформира во „компанија за велнес и здравствена заштита“ чија нова мисија е да се „одпуши светот“ преку постепено исклучување на цигарите од нивниот бизнис.
Олчак најави дека може да се случи Марлборо и порано да го снема од продажба во Британија.
„Ќе го снема. Првиот најдобар избор за потрошувачите е да престанат со пушење. Ама ако не се откажат, тогаш вториот избор е да се префрлат на подобри алтернативи,“ порачал Олчак.
Филип Морис исто така пред некое време даде понуда од 1 милијарда фунти за преземање на британскиот производител на инхалатори за асматичари. Критиката за овој потег е дека сега Филип Морис интернешнл ќе почне да заработува пари од пазарот на инхалатори, кој токму тие индиректно помогнаа да се развие и да опстои со децении.