Цигарите што ги произведува Филип Морис, а и сите други, треба да бидат третирани како автомобили што работат на бензин кои од 2030 ќе бидат забранети за продавање, е пораката на ЦЕО-то на Филип Морис интернешнл, Јацек Олчак, до британската влада.
Звучи како кромид или предвремена првоаприлска шега ама тобако гигантот Филип Морис како новогодишна резолуција си постави задача да престане да продава цигари. Тоа можеби и натаму останува збунувачки, ако не знаете колку пари даваат за самите да се зацементираат како сопствена опозиција.
На оваа масовна и глобална офанзива против пушењето и цигарите, наивен човек ќе помисли дека тутунската индустрија е за гревови. Филип Морис, еден од симболите на таа индустрија, во последнава деценија не пропуштил ни една година а да не ја зголеми дивидендата.
Во драматичен пресврт на досегашната пракса, производителите на цигари добија судска наредба да почнат да се рекламираат на телевизија и весници. Во уште подраматичен пресврт за самите производители, рекламите што ќе ги плаќаат треба да објаснуваат како тутунската индустрија лажела за штетноста од пушењето цигари.
Водителот на Last Week Tonight посвети цели 20 минути од неделната епизода на тутунските компании, особено пржејќи го Филип Морис заради неговите судски спорови со држави кои се обидуваат да го заштитат нивното јавно здравје. Компанијата му возвраќа со неколку линкови.