Производителите на цигари, според Џон Оливер, се особено успешни во светски рамки во водењето судски процеси против земји кои сакаат да го заштитат здравјето на нивните жители. Примерот за којшто станува збор е судскиот спор помеѓу Филип Морис и Австралија, каде државата со судни маки се обидува да воведе кутии цигари кои нема да содржат логоа или пораки на брендот, туку само фотографии од деформирани фетуси и не-толку-бели дробови. Адвокатите на компанијата ги користат сите можни дупки во системот, кои излегува дека дозволуваат една приватна фирма да тужи држава на меѓународен суд, заради мерки од областа на јавното здравство на таа иста држава, за којашто таа би требало да е слободна сама да одлучува.
После деталното објаснување на Оливер за тоа „како е ова факинг возможно" (целото видео подолу), на крај тој нуди решение - Филип Морис да го замени славниот Марлборо мен со „Џеф болното белодробно крило со каубојски шешир".
На ова бргу реагираше спомнатата компанија, со изјава во која се вели дека епизодата содржи голем број погрешни претстави. „Ние подржуваме и се придржуваме до илјадници правила низ целиот свет - вклучително и такви кои го ограничуваат рекламирањето, кои предвидуваат казни за продажба на цигари на малолетници и ставање предупредувања на кутиите", се вели во соопштението.
„Заради балансиран поглед кон темите зачнати во емисијата, ве молиме да ги прочитате следните информаци":
Запознајте се со кампањата Be Marlboro
Дознајте зошто настапуваме против цензурата на нашите брендови во Австралија и во Уругвај, тука, тука и тука
Дознајте ги фактите за пушњето во Австралија по воведувањето на планираното пакување тука и тука.