Денес стресот е главниот виновник за сите бељи кои недоволно ги разбираме или пак за кои ни треба алиби: од дебелеење до пад на имунитетот. А ако се трага по корените на неговиот волшебен статус и кај народот и во медицината (- Сè е до стресот. - Е, баш ви фала докторе), се доаѓа до еден покрив во Канада.