А на покривот, сурија премрзнати глувци, омилените заморчиња на ендокринологот Ханс Селие.
Годината е 1936-та, Селие е веќе мајстор за малтретирање глувци: ги премрзнува, ги изгладнува, ги тера да вежбаат до изнемоштеност, им става болни инекциии.... Потоа ги убива и им ги анализира органите. Сфаќа дека без разлика на природата на тортурите, внатрешните промени се секогаш исти. Заклучува дека заради одредени хормони, продолжениот стрес води кон физиолошки промени кои потоа носат болести па и смрт.
И така е роден стресот и неговиот статус на "тивкиот убиец". A неговиот родител, Селие, е апсолутно посветен од него да направи меѓународна сензација. Има публикувано преку 1.500 дела и статии, спие само 5 часа, оди по светот и евангелски проповеда за опасностите од стресот.
"Стресот е мојата катедрала и мое е да ја чистам и полирам.... знам дека ова мое дете ќе ме надживее," ќе запише на едно место.
Во комплетирањето на приказната помагаат и двајца американски кардиолози кои во 50-тите години на минатиот век доаѓаат до идејата за личности од типот А, оние на кои животот им предизвикува надпросечен стрес и кај кои е двојно поголем ризикот од срцеви заболувања.
И сега доаѓа интересниот момент во оваа "историја на болеста" на стресот.
Врз основа на милиони прегледани документи кои тобако индустријата судски мораше да ги обелодени, станува јасно дека главен финансиер и на трудовите на Селие и на кардилошките истражувања за типот А, е токму таа.
Јасно е дека на индустријата ѝ одговарало да го промовира концептот за стресот, а не цигарите, како главен виновник за срцевите заболувања и ракот.
"Селие беше еден од највлијателните научници на 20-от век, десетпати номиниран за Нобелова награда. А денес е невозможно да се зборува за стресот а да не се земе предвид неговата многу блиска релација со тутунската индустрија," вели еден од истражувачите на овие историски врски меѓу науката и бизнисот.