Нервозни заради метежот во сообраќајот, незгодниот шеф, колегите на работа, лошиот брак, беспарицата, или други животни проблеми? Некогаш ви доаѓа сè да искршите? Ако немате некое полокално решение, тогаш трк до Загреб.
Нова контракултура во Кина ги отфрла динамичните и стресни работни места за да може да ужива во малите нешта. Партијата ги стигматизира како срамни примери.
Имавме слушнато за данското „хиге“, она кога си седиш дома и толку ти е фино и удобно што никаде не ти се излегува. Швеѓаните пак го имаат „лагом“ - концепт кој советува на сè во животот да му се пристапува со умереност. Но сега во тренд е холандски збор, кој означува правење н-и-ш-т-о. Лајк.
„Пореметување како резултат на изборен стрес“ неодамна е идентификувано како легитимно нарушување на секојдневните психички функции, под влијание на канонадите информации и дезинформации поврзани со политички избори. Да не испадне не сме ви кажале.
Потеклото на зборот „врева“ во англискиот (noise) е од латинското nausea, што значи лошење, болка. Во свет во кој звуци нè напаѓаат од сите страни, тишината е ресурс кој (се) продава.
Често слушаме дека „она што нема да нè убие, нè прави посилни". И тоа звучи некако логично, па дури и утешно - дека дури и од лошото има некаква корист. Но дали човек навистина мора да доживее некоја несреќа за да го активира сопствениот емотивен штит?
Целосниот назив на книгата за којашто станува збор е: „Магијата на к*р ме боли: како да престанеш да трошиш време што го немаш со луѓе што не ти се допаѓаат, правејќи нешта што не сакаш да ги правиш". Од одма препознавте дека таа е и за вас?
Медитацијата денес е мулти-милионски бизнис и панацеа за сите стресови на модерното живеење. Верата во неа некогаш е поголема од фактите кои ги дава науката а некои кругови се сомневаат и во самата идеја дека исклучувањето на мислите е демек добра работа.
Денес стресот е главниот виновник за сите бељи кои недоволно ги разбираме или пак за кои ни треба алиби: од дебелеење до пад на имунитетот. А ако се трага по корените на неговиот волшебен статус и кај народот и во медицината (- Сè е до стресот. - Е, баш ви фала докторе), се доаѓа до еден покрив во Канада.
Да, шефот знае да биде шупак и колегите да бидат неподносливи ама апарентли, 8-те работни часа испаѓаат најопуштениот дел од денот. Стресот живее дома.