Батули Лаикане е родена во март 1903 и почнала да пуши на 17 години. Се покажало тоа како долга и стабилна врска, многу подолготрајна од онаа со нејзиниот маж кој ја напуштил пред 8 децении.
"Не ми е гајле колку сум стара, ама стара сум. Многу работи се испосменија во мојов живот. А пушам 95 години. Нема ништо лошо во пушењето", вика старата која живее сама во едно село во Непал а добива храна и друга помош од еден хинду храм.
Нејзиниот најстар син има 85 години и правнуци. Нејзините други четири деца починале. Лаикане во последно време има проблеми со говорот но сè уште сама си го витка качакот бидејќи не сака купечки цигари.
Оваа силна жена верува дека ја знае тајната на долговечниот живот:
Денес луѓето живеат под премногу стрес. Човек треба да живее активно и без стресови. Бидете среќни и ќе живеете долго", порачува 112 годишната бабичка.