15-тина адвокатски ајкули од САД, прославени во судските процеси против тобако гигантите од типот на R. J. Reynolds и Philip Morris, поднеле 25 пријави против неколку големи американски производители на храна.
Пријавите се поднесени во последниве 4 месеци и ги целат огромните произведувачи како ConAgra Foods, PepsiCo, Heinz, General Mills и Chobani.
Основа на сите тужби е наводното заведување на корисниците и погрешното наведување на намирниците и здравствените податоци на нивните етикети.
Настапот им е агресивен и бараат итно отстранување на серија производи од пазарот.
Бараната отштета е уште подраконска - групата таргетира отштета колку 4 годишна продажба на погрешно обележаните производи што ќе се сумира во милијарди долари.
Адвокатите на прехрамбената индустрија велат дека случаите против нив стануваат апсурдни. "Несериозно е да се тврди дека сме ги мамеле корисниците тврдејќи им дека крем од лешници е здрав за децата," вели еден од бранителите, алудирајќи на познатиот случај против Нутела кој го покренаа две мајки.
Федералниот суд во Калифорнија пред 3 години отфрли случај против PepsiCo, обвинет дека намерно премолчува дека во нивниот Cap'n Crunch's Crunch Berries нема боровинки. Судијата тогаш пресуди дека "на разумен потрошувач му е јасно дека во таков производ нема бобинки."