Ќе лечиме стрес со екстази

Соочени со сериозна криза на менталното здравје, американските власти станаа сè поотворени кон истражување на лековитите својства на опојките. Први во редот психоделици што „чекаат“ дозвола за медицинска употреба се псилоцибинот и МДМА. 

Рекративната дрога МДМА покажала позитивни резултати во третманот на луѓе со пост-трауматско стресно пореметување (PTSD). 

Истражувањето е дел од напорите да се легализира дрогата за медицински цели, додека бројот на луѓе со PTSD, ментални болести и зависности во САД продолжува да расте. 

МДМА е само една од многуте психоделични дроги кои полека одат кон легализација и чие дејство се испитува за терапевтски цели. Сериозен кандидат е и псилоцибинот кој го имаат „магичните печурки“.

Пред да биде прогласена за нелегална во 1985-та, дрогата веќе се користела за медицински цели најмалку цела една деценија. Образложението за криминализација на МДМА е дека супстанцата станала „национален проблем“ и претставувала „сериозна закана по здравјето на луѓето“.

Психоделиците се стигматизирани уште од прогласувањето „Војна на дрогите“од ерата на Ричард Никсон.

Администрацијата на Бајден покажа спремност да го истражи терапевтскиот потенцијалот на недозволените супстанци во лекувањето на ментални болести кои сè почесто се проблем во САД.

Американските власти соопштија дека очекуваат во рок од две години, Федералната агенција за лекови (ФДА) да ја одобри употребата на МДМА и псилоцибинот за лечење на PTSD и депресија.

20 јануари 2023 - 13:20