Купувачите во Драг стор ќе можат да купат до 2,5 грама хероин, крак и други тешки дроги, вклучително и метамфетамини. Барем додека да тргне бизнисот и да видат како ќе биде, продавачите е планирано да носат панцири, плус маски за да не можат да бидат препознаени.
Сопственик на продавницата е 51-годишен поранешен зависник (15 години чист) чиј брат починал од преголема доза. Тој тврди дека сака на наркозависниците да им даде пристап до безбедна и тестирана дрога, стерилна опрема и да ги советува како да се откажат од зависноста.
Технички декриминализацијата е само за лична употреба, па работата на продавницата нема да биде легална. Меѓутоа сопственикот се повикува на тоа дека тамошната полиција со години ја игнорирала продажбата на канабис во продавници кога таа уште не била легална.
Декриминализацијата официјално е со цел да се намали стапката на предозирања во провинцијата, плус да се намалат „бариерите и стигмата“ околу нарко-зависностите.
Во 2015 Британска Колумбија има 529 смртни случаи предизвикани од предозирање со дрога. За првите осум месеци од 2022, бројката беше 1.644. Растот во добар дел се должи и на се поголемата раширеност на фентанил.