Наредбата доаѓа во време кога републиканците се повеќе зборуваат за воена интервенција во Мексико за справување со нарко-картелите, како би се заштитиле САД и нивните граѓани, додека администрацијата на Бајден ја притиска мексиканската влада да биде поагресивна во војната со Синалоа картелот.
Наводно новиот правец на Синалоа е некаде од јуни годинава, а кон крајот на месецот во близина на градот Кулијакан беа најдени три лешеви прекриени со сини таблетки од фентанил.
Одлуката се случува откако картелот се најде под посериозен притисок од властите, а во јануари, по целодневна вооружена битка во која загинаа 29 лица, беше уапсен лидерот на Чапитос, Овидио Гузман. Во април САД поднесе обвинение против четворицата синови на Ел Чапо и над 20 нивни соработници. Во септември Овидио Гузман беше екстрадиран во САД.
Поранешни работници на Синалоа објаснуваат дека Чапитос излегуваат од бизнисот со фентанил и за САД да го префрли своето внимание на Халиско картелот, кој им е најголем конкурент, а и исто така и водечки производител на фентанил.
Се очекува дека загубата од излегувањето од бизнисот со фентанил ќе биде надоместена со зголемување на извозот на кокаин, хероин и метамфетамин во САД.
На почетокот од октомври за време на средбата меѓу американскиот министер за надворешни работи Блинкен и мексиканскиот претседател Обрадор во Мексико сити, на неколку надвозници, билборди и градежни локации во Кулијакан беа обесени пароли со кои се наредува забрана на фентанил.
На нив беше испишано:
„Во Синалоа, продажбата, превозот и каков било бизнис поврзан со супстанцата позната како фентанил, вклучително и продажба на хемиски производи за нејзина обработка е трајно забрането.
Предупредени сте.
Искрено ваши,
Синалоа картел.“
Подоцна слични плакати се појавуваат на уште неколку места низ северно Мексико.
Низ годините дур уште беше дозволен бизнис, голем број жители на Синалоа научија да произведуваат фентанил, и од тоа да живеат. Дел од луѓето што престанале да работат со производство на фентанил сега се надеваат на зголемена побарувачка за мексиканскиот кафеав хероин за да ја покријат загубата. Друга опција што ја размислуваат е шверц на оружје во САД.