Таг: синалоа картел

Синалоа картелот забрани производство на фентанил

Се работи за водечкиот извозник на фентанил во САД, кој по наредба на Чапитос групата (предводена од четворицата синови на Ел Чапо) во иднина не смее ниту да произведува ниту да шверцува од крајно смртоносната дрога.

Адвокатот на Ел Чапо бара доказ дека сите од списокот на убиени стварно се мртви

Составувајќи го случајот против Ел Чапо, американското обвинителство како доказ испорача и еден список на луѓе убиени по нарачка на првиот човек на Синалоа картелот. Како што обично бива кога обвинителство ќе почне да работи на рекла-казала и урбани легенди доказите баш и не излегуваат најстабилни.

Смартфоните на нарко-дилерите

ФБИ минатата недела го уапси ЦЕО-то на Фантом секјур, компанија која на припадниците на нарко-картели и сличен еснаф им обезбедува „смартфони фокусирани на безбедност“.

Ел Чапо вети дека нема да убива поротници, само го интересира како се викаат

Откако Мексиканците го уапсија, па им избега од затвор, па пак го уапсија, па пак им избега од затвор, Ел Чапо повторно заврши во затвор, само овој пат во американски, и таму чека да му судат.

Кромид гледа, Ел Чапо вади

Веста дека дури сега ќе дојде крајот на ИСИС, откако се згрешија и го изнервираа Ел Чапо (која оди по маалската логиката дека мексиканскиот картел некако е воено поподготвен од Русија или САД), која беше пренесена од Фокс, Њујорк Пост, Форбс и речиси се што индексираат македонските агрегатори, ниту е точна, ниту е вистинита, туку е чиста сатира, ако може да му се верува на човекот што ја напишал.

Твитерот на синот на нарко-босот

Станува збор за синот на вториот човек на Синалоа картелот, моментално најмоќниот и најбескрупулозниот нарко-картел во Мексико. Тоа што по наредба на татко му се убиени илјадници луѓе, не значи дека на 23-години тој нема да се чатали на Фејсбук и Твитер. Се вика Серафин.