Како дел од најновото судско рочиште против него, инаку прво под јурисдикција на САД, Ел Чапо дал ветување дека повеќе не планира да убива поротници.
Радосната вест за поротниците што ја објавува адвокатот на Хоакин Гузман, доаѓа со амандман дека откако неговиот клиент се откажал од нивно требење, сега властите треба да се коректни и да ги кажат имињата на поротниците и истите да не ги чуваат под вооружена стража.
Објаснувањето на адвокатот е дека ваквите специјални мерки, испраќаат погрешна порака до луѓето што треба да ја одлучат иднината на Гузман, дека тој е опасен и виновен и е потребна заштита од него.
За сега има само сомнежи дека во изминатите рочишта Гузман се обидел да убие неколку сведоци против него што обвинителството успеало да ги собере.