Обвинението е дека Фантом секјур не биле споредни во вршењето криминал, како што би бил Епл кога кај некој уапсен би бил најден Ајфон, туку дека тие намерно произведувале уреди кои помагале во вршење криминал.
Фантом и други компании од овој бизнис продаваат модифицирани Блекбери и Андроид уреди, на кои им се отстранети камерата и микрофонот, ГПС-от, можноста за сурфање интернет и испраќање пораки. Во случајот со Фантом, на уредите можноста за смс и телефонски повици е укината и се инсталира ПГП софтвер за енкриптирани пораки кој истите ги испраќа преку сервери лоцирани надвор од Соединетите држави.
Компанијата може и далечински во секое време да ги избрише сите податоци од телефоните, во случај тие да бидат запленети.
Не е спорно дека компаниите од оваа индустрија имаат и комплетно легални корисници со потреба од безбедни уреди, проблемот со Фантом е што властите не можеле да најдат таков.
Инаку Фантом е канадска компанија основана од Винсент Рамос, кој беше уапсен во четвртокот. Во обвинението се тврди дека членови на Синалоа картелот, меѓу кои и „припадници на горниот ешалон“ користеле Фантом телефони. ФБИ проценува дека во оптек се околу 20.000 Фантом уреди низ целиот свет.