Статијата оригинално беше објавена на полу-сатиричниот сајт Thug Life Video, од каде беше преземена од CartelBlog.com, веб-страна која пренесува вести за картелите, и која до сега има доволно кредит на темата за никој да не се сомнева во нив.
Според веста Ел Чапо му испратил енкриптирана порака на Абу Бакр ал Багдади во која го предупредува да престане да се меша во бизнисот на Синалоа картелот. (Ова само по себе претпоставува и претходна кореспонденција меѓу двајцата најбарани луѓе на светот, за да си разменат клучеви за декрипција на евентуалните енкриптирани пораки.)
Пораката на Гузман до ал Багдади била: "... Вие не сте војници. Вие не сте ништо освен пички. Вашиот Господ не може да ве спаси од вистинскиот терор кој моите луѓе ќе ви го приредат ако продолжите да се мешате во моите операции. Моите луѓе ќе ве уништат. Ова не е ваш свет за вие да диктирате. Го жалам следниот курвин син што ќе се обиде да се меша во работата на Синалоа картелот. Ќе му ги откорнам јазикот и срцето."
Авторот на оригиналната вест, Стив Чарнок, во интервју за Дејли Меил објаснува дека тој и неговиот шеф ја разработиле идејата и ја напишале веста на 30-ти ноември, меѓутоа чисто во сатирична смисла. Веста добила неколку шерови на Фејсбук и толку било околу тоа.
Тој објаснил дека ниту еден од стотиците медиуми што ја објавија веста, не го контактирале за да објасни или одговори нешто дополнително околу веста, ниту пак на некого му било сомнително тврдењето во веста дека Синалоа картелот се преселил од Мексико на Средниот Исток.