Твитерот на синот на нарко-босот

Станува збор за синот на вториот човек на Синалоа картелот, моментално најмоќниот и најбескрупулозниот нарко-картел во Мексико. Тоа што по наредба на татко му се убиени илјадници луѓе, не значи дека на 23-години тој нема да се чатали на Фејсбук и Твитер. Се вика Серафин.

За 23-годишниот Серафин Замбада Ортиз (@ZambadaSerafin), се дозна минатата недела откако беше уапсен во Аризона кога пешки влегол од Мексико.

Серафин на 10-ти јули објави фотка со калашникови, по која напиша: се журкаме и... се грижиме за себе.

 

Следниот ден се појави фотографијата со куп пезоси во кеш (500 пезоси = околу 40 долари), под која пишуваше: го мерам кешот.

 

Ова се дел од останатите слики од неговиот профил (марихуаната е негова, лавот е негов, џипот е негов, герпардот е негов, оружјето е негово):

 

Меѓу луѓето што го следат Серафин на Твитер е и Алфредо Гузман (@alfredoguzma), синот на првиот човек на Синалоа картелот Жоакин "Ел Чапо" Гузман. И Алфредо исто така има гепард (ама има и тигар), слики со пари, жени, оружје, но најмногу е заинтересиран за возење автомобили. Ова се неговите фотки:

26 ноември 2013 - 21:05