Намерата на законот е канабисот во Тајланд да почне да се одгледува како домашно растение, меѓутоа тоа прво треба да се пријави кај локалните власти и можат да се одгледуваат само медицинските сорти и да се користи во медицински цели.
Медицинска употреба главно значи дека плодот ќе треба да има многу ниски нивоа на ТХЦ (0,2).
Целиот овој канабис е за лична употреба, додека за комерцијално одгледување ќе треба дополнителни лиценци.
Земјата неколку години со ред либерализира употреба на канабис, па првично беше дозволено да се одгледува за медицински истражувања и користење, а потоа беше додадено и дека може да се користи од козметички компании и во пијалаци.