Кока-кола годишно произведува 2 милијарди долари чист кокаин?

Компанијата својот пијалак за шмек го зачинува со листови кока, од што како нус-производ се јавува чист кокаин кој вреди околу 2 милијарди долари.

Информацијата беше откриена неодамна кога Кока-кола требаше да го обнови својот таинствен договор со американската влада, кој предвидува чистиот кокаин да му се продава на еден од најголемите производители на опијати во светот.

Преработката на листовите кока, кои го даваат вкусот на најпопуларниот пијалак на светот, во САД се увезуваат од Степан компани кој има ексклузивна лиценца за увезување кока листови во Америка. По нивната преработка истата оваа компанија во име на Кока-кола го продава белиот прашок.

Купувач на овој производ е Малинкродт, најголемиот производител на опијати во САД.

На почетокот од 2023, Степан компани успешно ја обнови дозволата за увоз, со што останува единствената компанија во САД на која и е дозволено да го прави тоа.

4 април 2023 - 10:40