Американци умираат од комбинации со фентанил

Процентот на смртни случаи од предозирање од фентанил во комбинација со стимуланси како кокаин и метамфетамин се зголемил за неверојатни 50 пати помеѓу 2010 и 2021 година. Луѓе кои користат кокаин, често не се ни свесни дека се зависници од фентанил. Америка се наоѓа во четвртиот бран на опоидната криза.

Многу луѓе кои рекреативно користат дроги како кокаин не се свесни дека нивниот прашок често им доаѓа „појачан“ со фентанил, моќен опиоид кој може да биде смртоносен во мали дози. Ова е идеална ситуација за ненамерно предозирање.

Смртните случаи од „фентанил во комбинација“ е четвртиот бран на американската криза со предозирање. Првиот бран беше со лекови на рецепт, вториот бран беше хероин, третиот само  фентанил а овој, четвртиот е фентанил со стимуланси.

Во 2010 година, само 6% од смртните случаи од предозирање вклучувале фентанил во комбинација со стимуланси, според анализата на истражувачи од Универзитетот Калифорнија. Таа година, фентанилот најчесто се миксал со опиоиди на рецепт и бензодиазепини.

Но, до 2021 година, дури 32,3% од смртните случаи од предозирање се комбинација на фентанил и стимуланси. Луѓето кои користат дроги понекогаш намерно користат стимуланси и опиоиди заедно, за комбинацијата да им го зголемат ефектот (види Speedball). Но, во други ситуации, купувачи не се свесни дека кокаинот веќе им е „облагороден“.

Корисници на кокаин знаат да се пожалат дека не им е добро и да побараат помош, без да имаат појма дека се зависници од фентанил.

Експертите велат дека кога се користат дроги, луѓе секогаш треба да го имаат при рака лекот Наркан, за враќање од предозирање.

Оние зомбија во неприродни кататонични позиции на телата кои во последно време сè почесто се гледаат на улиците на американските градови се резултат на комбинација од фентанил и ксилазин (Tranq), моќен седатив кој се користи за успивање животни.

 

19 септември 2023 - 21:19