Белгија забранува еднократни вајпови

Од први јануари 2025 година во Белгија ќе биде забрането продавање електронски цигари за еднократна употреба. Први во ЕУ го прават тоа. За забраната наведуваат здравствени и еколошки причини. Фановите на забраните ова го сметаат за револуционерен чекор. Важи. А кокаинот сè поевтин и сè подостапен.

Белгискиот министер за здравство вели дека евтините електронски цигари се претвориле во закана за здравјето бидејќи тие се лесен начин за тинејџерите да бидат вовлечени во пушењето и да се навикнат на никотин. Со истата аргументација, со децениија оговараа марихуаната, како порта кон потешките дроги. Сега марата е ок.

По таа логика, треба и млекото да се забрани, бидејќи млекото ги навикнува младите на млеко и млечни производи (сирења, кашкавали, кајмаци...) а тие доаѓаат најчесто од крави кои произведуваат метан (од преден и заден испуст) кој е штетен за околината, климата и општочовечката благосостојба, дотаму што „Данска воведува данок на кравји прдеж“.

Назад кон веста:   

 „Електронските цигари често содржат никотин. Никотинот ве прави зависни од никотин. Никотинот е лош за вашето здравје. Факти.“, ни објасни ко на првачиња министерот Франк Ванденброук.

А бидејќи се за еднократна употреба, пластиката и батеријата се и товар за околината. 

Ванденброук призна дека ги таргетирал електронските цигари за еднократна употреба, меѓу другото и затоа што тие често се алтернатива за оние кои се обидуваат да се откажат од пушењето.

Претходно Австралија забрани продажба на „вајп“ надвор од аптеките и тие ги имаат најстрогите ограничувања на оваа тема. За да дочекаат „тутунски банди да водат војни по Австралија“.

30 декември 2024 - 11:58