„Оданочувањето на загадувањето на воздухот има за цел да го промени однесувањето“, вика Јепе Брус, министер за „зелена транзиција“ во данската влада.
Њујорк тајмс наведува дека емисиите на јаглерод диоксид од добитокот „стануваат“ најголемиот дел од уделот на Данска во климатското загадување, што е само поубав начин да се каже дека сега тие НЕ се најголемиот дел.
Зошто тогаш фокусот е на оданочување на сопствениците на добиток? Според Пол Швенесен од порталот Daily Economy, битно е да се скрши мразот во намерата за контрола на човековото однесување. За почеток, добитокот е најлесната мета бидејќи кога луѓето ќе ја прочитаат оваа вест, ќе се смеат. Никој сериозно нема да приговара бидејќи звучи смешно и безопасно.
„Всушност, ова е најсериозниот напад на економската слобода и има сериозна тенденција да се прошири во целиот западен свет и во многу други области освен земјоделството“, предупредува Марио Накиќ од хрватски Либерал.
Кравите се обвинети за емитирање на 5,6 метрички тони годишни емисии „еквивалент на CO2“. Но, дури и ако тоа е вистина, тие ја игнорираат растечката евиденција дека добитокот има комплексно, можеби дури и нето позитивно влијание врз емисиите на јаглерод во атмосферата.
Њујорк Тајмс произведува 16.979 метрички тони, што значи дека ја загадува атмосферата повеќе од 10 дански фарми. Што би рекле неговите читатели ако треба да плаќаат 730.000 долари годишно, за да се стигне до 1,8 милиони долари дополнителни пари што весникот би требало да ги наплати над стандардната цена?
Ако месото и млекото навистина претставуваат таква егзистенцијална закана за климата, зарем не би било поедноставно директно да се оданочуваат потрошувачите кога купуваат месо и млеко? Да, ама ни во Данска нема политичар кој сака да биде обвинет дека ги зголемил цените на месото и млекото на просечната данска баба.
Вака товарот ќе падне на производителите со јасен епилог дека цената на данокот на крајот сепак ќе се префрли на купувачите. Ама тогаш земјоделците ќе бидат криви. Пак.
Во меѓувреме, Бил Гејтс и други бизнисмени/филантропи, на големо развиваат адитиви за сточната храна со кои животните помалку би испуштале метан, само што, веќе има сериозни контроверзи околу нус појавите на таквите адитиви, и за животните и за луѓето.