Нејзиното помирување со користењето на кокаин е дека треба „да се сфати дека стотиците години минати во потиснување и обесхрабрување на користењето кокаин постигнале многу малку.“
„Очигледно на луѓето им требаат стимуланси. И има пазар за тоа,“ ќе изјави градоначалничката Фемке Халсема.
Минатата година холандската царина заплени речиси 60 тони кокаин, споредено со 51 тон во 2022. Најголемите количества се откриени на пристаништата во Ротердам и Влисинген, а забележан е и раст на шверцот преку аеродроми.
Паралелно со легализирањето, Халсема има намера да ги одврати и милионите туристи што го посетуваат Амстердам заради непречено користење марихуана, како дел од нејзиниот поголем план за општо намалување на бројот на туристи.
Неодамна и Швајцарија објави дека е на сличен памет околу кокаинот.