Британски експерт за дроги вели дека има видено понуди за „еколошко шмркање“, но дека тоа не е ништо друго освен паметен маркетиншки трик.
Нил Вудс потсетува дека не постои начин да се произведе „еколошки“ или “етички“ набавен кокаин и дека тоа е само уште еден начин да се засили профитот од трговијата со оваа дрога кој во Обединетото кралство вреди околу 4,9 милијарди долари годишно.
Бибијана Вилота, хуманитарна работничка од Колумбија, за британски Мирор потврдува дека ваквите тврдења се глупости.
„Никогаш не сум слушнала за воук кокаин, но можам да ви кажам дека никој во Колумбија не произведува кокаин „етички“, вели таа. „Трговијата неизбежно вклучува крвопролевање, уништување на заедниците и ужасен циклус на насилство. Ако побарувачката расте, расте и производството и циклусот на уништување продолжува. Она само ќе донесе повеќе алчност и крвопролевање“.
Лица од џет-сетот потврдуваат дека „воук кокаинот“ е многу популарен на ВИП забави, особено меѓу оние кои навикнале да имаат органска храна, органско вино.... На таквите им се тврди дека кокаинот што им го нудат е од „одржливи извори“ во Јужна Америка, и овие за такво „еко-бело“ мазно плаќаат по 200 фунти за грам.
Во едно глобално истражување од 2019 година, 85% од испитаниците рекле дека би биле подготвени да платат повеќе за дрогата ако веруваат дека доаѓа „етички извори“. Срцки.