Како научник што ги истражува ефектите на кофеинот - состојката што нѐ држи будни - Џенифер Л. Темпл има пристап до повеќе информации за одговорот од повеќето родители.
Многу деца и тинејџери пијат кафе. Кофеин можат да добијат и од храна и пијалоци, дури и од некои лекови што се безбедни за нив. Сепак, главен извор на коефин на американските тинејџери, според некои истражувања, им е кафето.
Врз основа на години истражување, Темпл со сигурност може да каже дека една шолја на ден нема никакво штетно влијание за деца над 12-годишна возраст, доколку ги избегнуваат сите други извори на кофеин. Со таа една чаша или шолја кафе во комбинација со ладен чај, кока кола или чоколатце веќе се надминува дневната граница од 100 милиграми кофеин, a возрасните треба да се потрудат да не надминат 400 милиграми кофеин, кој се добива со четири кафиња.
И бидејќи го има во толку многу видови храна и пијалоци, за децата, а и за возрасните е лесно да внесат повеќе без воопшто да им текне.
Контраиндикации
Претерувањето со кофеин може да има негативен ефект кај децата - нерасположеност, неспиење, или неприкладно однесување како ризикување и агресија. Некои деца стануваат нервозни, анксиозни или им се лоши. Може да им се промени чукањето на срцето и крвниот притисок. Во некои случаи, претерувањето може да даде чувство како при земање нелегални дроги.
Заканата по спиењето може звучи најбезбедно од сите набројани, но не значи дека не може да биде сериозна. На тинејџерите им требаат 9 часа сон навечер, но истражувања покажуваат дека просечни деца спијат многу помалку од тоа.
Нема да пораснеш
Некои возрасни на децата знаат да им кажат дека од кафе нема да пораснат - и ова има и потекло. Прво, се сметало дека кофеинот ја намалува количината на калциум во коските, што порано се сметало дека е причина за висина.
Второ, кофеин подоцна во текот на денот го намалува времето за спиење, а хормонот за растење се ослободува за време на спиењето, па идејата е дека без спиење помалку се расте.
Ништо од ова не е валидно, бидејќи една студија што следела 81 адолесцент шест години не нашла никаква врска меѓу кофеинот и густината на коските. Друга студија не покажува врска меѓу траењето на сонот и растењето.
Врз основа на науката што ни е достапна на оваа тема, многу родители одлучуваат дека е безбедно да им дозволат на децата шолја кафе наутро кога ќе наполнат 12 години. Поарно дома, отколку во кафеџиски ланци каде што една шолја/чаша знае да има и над 50 грама шеќер.
Сите ефекти од утринското кафе, ако е едно, избледуваат додека да дојде време за спиење. Само, додека се мали не им давајте да пијат после 3 попладне.
За растењето опашка нема истражувања.