Две 16 годишни близначки од Манчестер се искраднале до дома и фатиле авион за Истанбул, по што заминале за Сирија, да им се придружат на милитантите од ИСИС.
Претходно, тоа го сторил нивниот постар брат кој е еден од 1.500-те британски државјани кои заминале на исток да се борат за каузата.
Полицијата испитува кој им го платил патот и кој ги натерал да се решат на ваков чекор, бидејќи во нивните компјутери не биле најдени планови за такво нешто.
Маливе најверојатно ќе станат тн. џихад невести а семејството и пријателите страхуваат дека ќе бидат регрутирани како бомбаши самоубијци.
По потекло се од Сомалија и во Велика Британија дошле пред 10 години.
Инаку, овие денови за првпат во јавноста се појави мистериозниот лидер на озлогласената ИСИС, Абу Бакр ал Багдади кој заземените територии во Ирак и Сирија ги прогласи за калифат а најави дека следен за ослободување е Јордан.
"Ќе ме слушате сè додека јас го слушам Господ," порача човекот кој себе се нарекува Калиф Ибрахим, носејќи рачен часовник кој е или Ролекс, или Секонда или Омега Симастер, вреден минимум 4,400 евра.
Кога се работи за пари, на него не штеди ни Запад кој има распишано потерница на неговата глава на 10 милиони долари.