Просечната возраст на која добиле мобилен (смартфон) е 11 години, на двата краја од просекот се тинејџерот што добил телефон кога имал 8 години и тинејџерот што добил на 16 години. Одговорите околу тоа колку време на ден користат мобилен се меѓу "премногу" и "срам ми е да кажам", ама Бизнис Инсјадер пресметува дека ова е околу 6 часа на ден.
Освен мобилен, тинејџерите дремат и пред други екрани, најчесто пред телевизор. Најголемиот дел од нив имаат играчки конзоли (Плејстејшн 4 и Вии се најпопуларни), а дел имале и десктоп компјутер. Вкупното време што го минуваат пред секој можен вид екрани е 11 часа на ден.
Од апликации, без конкуренција, најомилена им е Снапчат. Спотифај им е најдобрата апликација за стримање музика. Инстаграм е уште еден од фаворитите, кој успева да ја одржи популарноста благодарејќи на директните пораки и филтрите.
Неочекувано меѓу фаворитите е и Твитер, и покрај поплаките околу компанија дека тешко привлекува нови корисници. Она што им се им прави мерак околу Твитер е тоа што може брзо да ги апдејтуваат пријателите околу што сакаат, без целото малтретирање на Фејсбук, и затоа што можеш да кажеш што сакаш и поверојатно е да оствариш интеракција со некоја славна личност.
Тинејџерите и понатаму користат Фејсбук, ама не им е ни приближно меѓу омилените апликации. Најголем проблем им е што не е така брз како Твитер, и што на ФБ мора да се преправаат заради сите роднини и пријатели што ги следат.
Апликации што комплетно не им се интересни се: Гугл+, Виспер и Вајн.
Иако не го користат Фејсбук, Фејсбук Месинџер им е меѓу омилените начини за контактирање со пријателите. За околу 80% од испитаниците Месинџерот е примарна или секундарна форма за комуникација со пријателите. Вотсап и Кик не се ни приближно популарни.
80% од тинејџерите со кои разговара Бизнис инсајдер, имаат Ајфон 5С, Ајфон 6 или Самсунг Галакси С5.
Тинејџерите требале да кажат и која е најдобрата апликација за која возрасните веројатно немаат претстава. Листата е:
- After School
- Musical.ly
- Color Therapy
- Wishbone
- Neko Atsume
- Color Switch
Базфид е медиумот со кој што тинејџерите се опседнати, а Кардашијан, со исклучок на Кендал, речиси и да не ги интересираат.
Кога само оваа демографска група би гласала на следните претседателски избори, Берни Сандерс би победил со 55% од гласовите.