Студијата „Доба на адолесценција“ се тврди дека комбинација на променливи општествени очекувања и економски односи ја имаат пролонгирано адолесцентноста. По нивно видување се помалку 20 и нештогодишници се дел од традиционалните маркери на созревањето, како купување куќа, брак, работа со полно работно време и имање деца.
За ова авторите меѓу другото ги обвинуваат и медиумите на кои сме изложени. Нивниот аргумент е дека „општествени сили за кои до сега нема преседан, вклучувајќи и маркетинг и дигитални медиуми, влијаат на здравјето и добробитта на оваа возраст.“
Во студијата се тврди дека ова ново и проширено сфаќање на 20 и нештогодишници „е клучно за развивање на ментално соодветно врамување на законите, социјалните политики и јавните сервиси,“ а не толку многу за да се ругаат миленијалци дека не ги бива.