Поранешниот директор на Фејсбук за Фејсбук:

Создадовме алатка која го уништува човековото општество

Чамат Палихапитија е меѓу најраните вработени на Фејсбук, а подоцна станува и директор во компанијата, пред да одлучи дека има доволно пари за да ја напушти и да оформи сопствен инвестициски фонд. Денес не само што е разочаран од тоа во што се претворил Фејсбук туку и искрено е уплашен.

Палихапитија, кој се приклучува кога Фејсбук има само една година, признава дека и во тоа време некаде во заден план им тлеела идејата дека тоа што го создаваат може да има и негативен исход, „ама начинот на кој тоа го дефиниравме не беше како ова сега.“

„Моментално буквално сме на точка кога имаме создадено алатки што го уништуваат социјалното ткиво на тоа како функционира општеството. Тоа вистински е местото на кое што сме сега.

Ве охрабрувам сите вас како идни светски лидери, вистински да сфатите колку е важно ова - ако го храните ѕверот, тој ѕвер ќе ве уништи. Ако му дадете отпор, имаме шанса да го контролираме и скротиме.

Дојде времето кога луѓето треба одлучно да се откажат од некои од овие алатки што ги користат и работи на кои се потпираат,“ порачува Палихапитија за време на говорот на една конференција.

Посебно нагласува дека тоа што го зборува не е американски проблем (руски реклами, американски избори), туку глобален проблем.

„И јас немам решение за ова. Моето решение е со години да не ги користам овие алатки,“ објаснува Палихапитија.


Целиот разговор:

 

28 декември 2017 - 12:14