Проектот го нарекува "Your Face is Big Data," а во него фотките што ги направи од околу стотина луѓе ги проверува на апликацијата FindFace (нешто ко Шазам за лица), која потоа се обидува да ги идентификува луѓето на сликите од контакти на ВК (рускиот Фејсбук).
Резултатите се подобри од очекуваното и тој идентификува околу 70% од фотографираните, и покрај тоа што добар дел од луѓето на сликите изгледаат (или барем таква фаца имаат направено) значително различно отколку на нивниот профил.
Уште една работа што ја забележува Цветков, е дека речиси на никој од луѓето не им пречело што тој ги фотографирал иако тоа било очигледно.
Дел од фотографираните: